Ресурси

РЕАЛИЗИРАНА ЕДУКАТИВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ТЕМА „ЧИТАЊЕТО Е СУПЕРМОЌ“ ВО ОПШТИНА ЦЕНТАР

Денес во ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ реализиравме едукативна презентација во склоп на кампањата „Читањето е супермоќ“. Пред присутните претставници од основните училишта се обратија: градоналаникот на Општина Центар, г-нот Горан Герасимовски, Татјана Димовска-Атанасова, уредничка во „Арс Ламина“, Ана Несторовска – уредничка на списанијата „Прв детски клик“ и „Детски клик“ и писателот Велко Неделковски.


Во своето обраќање до присутните, градоначалникот ја поздрави иницијативта на нашата издавачка куќа за унапредување на читачката култура кај децата. Според него, читањето им овозможува на младите да се идентификуваат со јунаците од книгите и да усвојуваат позитивни вредности. „Само со соработка меѓу родителите, наставниот кадар и издавачките куќи може да се создаде љубов кон пишаниот збор“, изјави тој. Герсимовски, меѓу другото, се заблагодари за донациите од по 100 книги со кои го збогатуваме библиотечниот фонд на училиштата.


Реномираниот автор за деца и возрасни, Велко Неделковски, ја потенцираше важноста на списанијата за деца во контекст на читањето и градењето симбиоза меѓу нив и убавиот пишан збор. Неделковски, инаку автор на бројни бестселери за деца и млади („Збунети години“, „Шармери од осмо“, „Симчо“, „Бибисек Втори“…) е соработник на списанијата „Прв детски клик“ и „Детски клик“ во рубриката посветена на македоснкиот јазик и литература и има огромен придонес во популаризацијата на читањето кај децата.


Денешната презентација е седма по ред, по оние во Општините Карпош, Ѓорче Петров, Аеродром, Гази Баба, Кисела Вода и Бутел со што ја заокружуваме оваа фаза од кампањата „Читањето е супермоќ“ на територијата на град Скопје. Посетивме над 60 основни училишта и дониравме над 6000 книги, дидактички и нагледни материјали со цел да го предизвикаме интересот за читање на децата и да ги мотивираме повеќе да читаат.
Презентираните методи, алатки и стратегии наскоро ќе бидат споделени за бесплатно преземање на платформата https://resursi.literatura.mk/ заедно со конкретни идеи и активности за поттикнување на читањето кај децата на училишна возраст.