училиште

ДОНИРАНИ 600 КНИГИ ВО ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА ВО ОПШТИНА БУТЕЛ

По реализацијата на едукативната презентација во рамките на кампањата за поттикнување на читачките навики кај децата – „Читањето е супермоќ“, претставници на издавачката куќа „Арс Ламина“ ги посетија основните училишта во Општина Бутел и донираа по 100 книги.

Станува збор за следните училишта:

„Св. Климент Охридски“

„Ацо Шопов“

„Живко Брајковски“

„Панајот Гиновски“

„Петар Здравковски Пенко“

„Гоце Делчев“, с. Љубанци

Целта на донациите е да се збогати библиотечниот фонд на училиштата со нови изданија од едицијата „Лесно читливи лектири“, збирки, вежбанки и сликовници, да се зголеми интересот за книгите кај децата и да се унапреди читачката култура. Во склоп на оваа акција, подаривме и нагледни постери по сите предмети што ќе им помогнат на учениците полесно да ги сфатат и совладаат содржините предвидени со наставната програма.

Кампањата „Читањето е супермоќ“ продолжува со презентации и во другите скопски општини и со донации на книги во училиштата што ќе се вклучат во неа. Во текот на овој месец ќе распишеме литературен конкурс на тема како што гласи слоганот на кампањата, по што следуваат работилници и други активности за поттикнување на читачките навики на децата.