училиште

ДОНИРАНИ 800 КНИГИ ВО ОСУМ УЧИЛИШТА ВО ОПШТИНА КАРПОШ

Издавачката куќа „Арс Ламина“ продолжува со донациите по 100 книги за библиотеките од училиштата кои се вклучија во кампањата „Читањето е супермоќ“. Наши претставници ги посетиja основните училишта: „Лазо Трповски“, „Јан Амос Коменски“, „Братство“, „Војдан Чернодрински“, „Владо Тасевски“, „Петар Поп Арсов, „Аврам Писевски“ и „Димо Хаџи Димов“ во Општина Карпош и го збогатија библиотечниот фонд со нови изданија од издавачката продукција на „Арс Ламина“.

Збогатувањето на библиотечните фондови со цел поттикнување на читачките навики кај децата, и од вработените и од учениците беше дочекано со воодушевување. Тие имаа можност да ги погледнат изданијата од едицијата „Лесно читливи лектири и читанки“ (адаптирани и за децата со дислексија) и збирките, вежбанките и другите дополнителни ресурси и нагледни средства како надополнување на наставната програма во одделенска и предметна настава.

Дружејќи се со учениците, запознавме обожаватели на Хари Потер, Исидора Мун, Мирабела и на јунаците од нивните омилени лектири. При посетата на ООУ „Војдан Чернодрински“ сретнавме група третоодделенци – верни читатели на списанието „Детски клик“ кои задоволно ни позираа со нивната наставничка Кристина Цветковска и ни открија зошто за нив читањето е супермоќ.

Донациите во основните училишта следуваат по едукативната презентација „Читањето е супермоќ“ што неодамна ја реализиравме во соработка со Општина Карпош.