училиште

АРС ЛАМИНА ПОДАРИ 100 КНИГИ ВО АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ

Денес во дворот на ООУ „Александар Македонски“ се одржа настан на кој се одбележа 21 март – првиот ден на пролетта, Ден на екологијата, Светски ден на поезијата и Светски ден на лицата со Даунов синдром.

Во дел од училишниот двор беа посадени садници и цвеќиња, а ученици од основното училиште за деца со попреченост – „Д-р Златан Сремец“ боеја чорапчиња во различни бои.

Во делот за одбележување на Светскиот ден на поезијата се вклучи издавачката куќа „Арс Ламина“ со донација од 100 книги за училишната библиотека.

Денешниот настан го посети и градоначалникот на Општина Аеродром – Тимчо Муцунски.

Директорката на училиштето, Маја Буклеска, заедно со нејзини колеги од аеродромските основни училишта неодамна ја посетија едукативната презентација во склоп на кампањата „Читањето е супермоќ“ што се случи во просториите на Општината.