училиште

АРС ЛАМИНА ГИ НАГРАДИ НАЈДОБРИТЕ НА ОЛИМПИЈАДАТА БУТЕЛСКИ СЕЗНАЈКОВЦИ

Во петокот (10 март) во просториите на Општина Бутел беше организирана Олимпијада на Бутелски Сезнајковци на која учествуваа тимови од најдобри ученици од седум општински училишта. Учениците се натпреваруваа во четири категории: квиз на знаење, асоцијации, буква по буква и игра за вештини. Олимпијадата ја модерираше познатиот водител Марко Новески, а освен претставници на основните училишта, настанот го проследи и градоначалникот на Општина Бутел-Дарко Костовски.

Победници на квизот беа учениците од ООУ „Ацо Шопов“, а второто, односно третото место го освоија претставниците на ООУ „Петар Здравковски Пенко“ и ООУ „Живко Брајковски“.

Издавачката куќа „Арс Ламина“, која во соработка со Општината неодамна организираше едукативна презентација во склоп на кампањата „Читањето е супермоќ“, за сите учесници на Олимпијадата Бутелски Сезнајковци обезбеди подароци-изданија од едицијата „Лесно читливи лектири и читанки“.  

Целта на вмрежувањето на нашата издавачка куќа со Општините и со основните училишта е да се поттикнат читачките навики кај децата, да се унапреди читачката култура и да се придонесе во негувањето на мајчиниот јазик.