Природни науки

Природни науки за предучилишна возраст

Како дел од изданијата за подготовка за основно образование според програмата на Кембриџ, ја подготвивме и вежбанката Светот околу мене.

Светот околу мене претставува вежбанка по природни науки наменета за деца од предучилишна возраст (5-6 години). Оваа вежбанка претставува подготовка за природните науки што се изучуваат во основното деветгодишно образование според програмата на Меѓународниот центар за испити на Кембриџ и изобилува со наставни листови и мноштво активности за рано развивање на научното резонирање кај децата.

Вежбанката Светот околу нас е дел од серијалот Природни науки во издание на Арс Ламина – публикации, што вклучува илустрирани учебници, корисни работни тетратки и вежбанки, научни читанки за учениците, прирачници за наставниците, како и дополнителни дидактички материјали и ресурси.

Изданијата од серијалот Природни науки обезбедува стимулативни и активни начини за градење на вештините во науката, преку откривање на светот околу детето, овозможувајќи на тој начин активен и забавен пристап кон изучувањето на природните науки уште од најмала возраст.