Серијалот Природни науки за основно образование на Арс Ламина публикации претставува дел од една сеопфатна програма, лесна за користење, што вклучува добро илустрирани учебници, корисни работни тетратки, како и дополнителни прирачници за наставниците и научни читанки за учениците, за секое одделение.
- Програмата презентира стимулативни и активни начини за изучување на вештините во науката, овозможувајќи активен пристап кон изучувањето на природните науки.
- Учебниците се одлично илустрирани и забавни за користење, полни со активности, игри и дискусии, со цел учениците да бидат целосно ангажирани на сите нивоа.
- Во експериментите и активностите се користат секојдневни материјали и преку нив се охрабруваат учениците да го истражуваат светот на науката на практичен начин.
- Работните тетратки им помагаат на учениците со активностите на часот, а воедно ги охрабруваат на независна работа и надвор од училиштето.
Компонентите од програмата по математика во издание на Арс Ламина публикации се напишани во универзален контекст и се прилагодени за употреба во Македонија. Учебниците и работните тетратки, на сите четири јазици на кои што се изведува наставата во основното образование (македонски, албански, турски и српски јазик) се одобрени од Меѓународниот центар за испити на Кембриџ.
Компонентите од програмата по природни науки вклучуваат:
Ниво (одделение) | Јазици | Бр. на производи во палетата | |
Работни тетратки | 1, 2, 3 | МК, АЛ, ТР, СР | 12 |
Учебници | 1, 2, 3 | МК, АЛ, ТР, СР | 12 |
Прирачници за наставниците | 1, 2, 3 | МК | 3 |
Тематски читанки | 1, 2, 3 | МК | 18 |
Онлајн ресурси | 0, 1, 2, 3, 4, 5+ | МК | постојано се надополнува |
Пингување: Ресурси |