училиште

Нови едукативни изданија и дидактички помагала за ученици и наставници

Најголема инвестиција во иднината е вложувањето во едукацијата на децата и младите. Потребата од збогатување на знаењата ја истакнува и потребата од соодветни, стручно изработени образовни материјали. Согледувајќи ја оваа неопходност, издавачката куќа „Арс Ламина“ традиционално објавува едукативни изданија и дидактички помагала со кои се збогатуваат знаењата на учениците и на наставниците. Содржините се во насока на остварување на поставените стандарди во националните наставни програми за основно и средно образование. Публикациите се изработени по најновите светски трендови за едукативни изданија, но приспособени на потребите на наставниците за квалитетно одржан час, но и на учениците и родителите, за дополнување на знаењата стекнати за време на часовите во училиште.

Во понудата на „Арс Ламина“ се изданија за повеќе училишни предмети, збирки, вежбанки, тетратки за почетно пишување, психолошки прирачници за деца, логички задачи, книги со активности, како и прирачници и водичи за наставници со кои ќе го збогатат курикулумот на своето знаење. Материјалите ги имаат напишано и подготвено стручни лица од образовниот процес, наставници, професори, автори, уредници и дизајнери. Сите објави се богати со илустрации, стручни објаснувања, напишани и илустрирани соодветно за возраста на децата и се дополнети со активности и вежби, за полесно совладување на материјалот.

Во нашата понуда е и придружен, дидактички и манипулативен материјал за работа на час, како постери, едукативни картички, геометриско блокче, тетратки за почетно пишување, дидактички игри по математика и друго.

Покрај нашите печатени материјали, можете да најдете и дополнителни, бесплатни наставни материјали во електронска форма, преку интернет-страницата resursi.literatura.mk.

Каталогот со најновите едукативни изданија и дидактички помагала во издание на „Арс Ламина“ можете да го разгледате тука.

Сите производи се достапни преку sales@arslamina.com, во сите книжарници на „Литература.мк“, како и онлајн преку www.literatura.mk.

Во продолжение ги издвојуваме образовните новитетите што можеби ќе ве интересираат.

1. Математика за предучилишна возраст

Математика за предучилишна возраст е прогресивна шема што развива севкупно разбирање на математиката, почнувајќи од раните години, па сè до крајот на основното образование. Поткрепувајќи ја содржината со решавање задачи, оваа шема им дава можност на децата да применуваат стратешко размислување и да се развиваат како самоуверени, иновативни и ангажирани ученици, од најрана возраст.

 2. Општество

Вежбанката по предметот ОПШТЕСТВО за прво одделение во основното деветгодишно образование е создадена според програмата за овој предмет донесена од Бирото за развој на образованието на Р. Македонија и ги покрива сите општи и конкретни цели од неа. Таа има цел да му помогне на наставникот за поефикасна реализација на наставните цели, а на ученикот низ игра и активности полесно да ги совлада содржините предвидени со програмата!

Во понудата се и вежбанките по предметот општество и за второ, трето и четврто одделение.

Побарајте ги изданијата онлајн, на следните линкови:

Општество 1: https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=13030

Општество 2: https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=13072

Општество 3: https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=13089

Општество 4: https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=13111

3. Учиме со Софија

Научи ја азбуката, броевите до 10, формите и мерките заедно со малечката Софија. Научи да ги читаш и да ги пишуваш буквите и бројките и лесно да ги препознаваш зборовите и формите со помош на забавните цртежи. Подготви се за пишување заедно со Софија. Вежбај пишување на прави, коси и криви линии, обој и цртај и научи да ги впишуваш формите.

Во оваа едиција се:

Подготовка за пишување: https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=13068

Моите први ноти: вежбанка по солфеж 1:

https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14610

Моите први ноти: вежбанка по солфеж 2:

https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14611

АБВ – од ананас до шапка: https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=12778

ABC – from apple to zebra: https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=12777

Mon premier livre français: https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=13075

My first english fun activity book: https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=12780

Meine ersten deutschen wörter: https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=12779

4. Вежбанката за почетно пишување + Тетратката за почетно пишување

„Вежбанка за почетно пишување: графомоторички вежби“ од Ѓорѓи Делчев и Јасмина Делчева Диздаревиќ и „Тетратка за почетно пишување со линиски систем“ се со одобрение за примена од Министерството за образование и наука (МОН).

За успешно совладување на процесот на пишување што детето го чека на училиште, потребно е прво да се развијат фините моторни вештини на мускулите на рацете и прстите (графомоторни вештини). Од тие причини, потребно е таа вештина да се развие дома, многу пред детето да тргне на училиште. Основната намена на оваа вежбанка за почетно пишување е преку систем од графички и мануелни вежби подредени според тежината, раката на детето постепено да се оспособи за изведување на координирани движења и вешто да ракува со приборот за пишување, со што ќе се создадат предуслови за полесно воведување на децата во техниката на пишувањето.

Вежбанката можете да ја нарачате и онлајн, преку следниот линк:

https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14396

Тетратката за почетно пишување со линиски систем можете да ја нарачате и онлајн, преку следниот линк:

https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14415

5. Четири психолошки прирачници за деца

Четирите интерактивни психолошки прирачници од авторката и психолог Христина Стефановска се наменети за децата и за родителите. Станува збор за книгите: „Кога Мешко се лути“, „Кога Ушко се плаши“, „Кога Сончка е среќна“ и „Кога Летко е тажен“, кои се во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, а се дел од едицијата „Железница на чувствата“. Книгите се илустрирани од познатиот илустратор Здравко Гиров. Низ лесни, едукативни и интерактивни приказни и активности, Стефановска ги насочува децата да се посветат на своите емоции и да работат на нивното прифаќање и трансформирање во нешто позитивно и корисно. Преку однесувањето и манифестирањето на емоциите на четирите лика – лутото еже Мешко, плашливото зајаче Ушко, тажното славејче Летко и среќната срничка Сончка, и преку придружните активности по секоја приказна, децата ќе научат да ги препознаваат и да ги разликуваат емоциите кај себе и кај другите луѓе, ќе стекнат увид во причинителите на емоциите, ќе откријат конструктивни начини за справување со емоциите и ќе создадат навика за корисно структурирање на слободното време. По секоја приказна во нив следуваат низа вежби, задачи и игри поврзани со емоцијата што го поттикнуваат детето на активност и ги јакнат неговите капацитети за себегрижа, себеразбирање и себељубов.

Психолошките прирачници побарајте ги на следните линкови:

„Кога Мешко се лути“: https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14551

„Кога Ушко се плаши“: https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14552

„Кога Сончка е среќна“: https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14553

„Кога Летко е тажен“: https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14554

6. Логички загатки за деца на возраст од над 7 и над 10 години

Решавањето на логички загатки е извонредна алатка за:

– Координација на левата и десната страна на мозокот.

Левата страна е задолжена за решавање проблеми, учење јазици, математика, наука и логика. Десната страна ја поттикнува креативноста, интуицијата и визуелно-уметничките вештини.

– Подобрување на меморијата и концентрацијата.

Решавајќи ги загатките треба да се запомнат разни форми на парчиња што треба да се вклопат, треба да се пронајдат правила, да се фокусира на делови додека да се стигне до целосното решение.

– Подобрување на вештините за просторно размислување.

Решавајќи сложувалки и загатки се активираат центрите за движење, ротирање и проекција. Исто така, се развива способноста за визуализирање на формите или сликите што недостигаат.

– Одмор од дигиталните уреди.

Решавањето загатки е одлична забавна алтернатива на дигиталните игри со која се развиваат креативност, аналитички вештини и брзина во процесот на размислување.

Изданијата од едицијата „Одгатни ме!“, побарајте ги на следните линкови:

Логички загатки за деца на возраст од над 7 години:

https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14545

Логички загатки за деца на возраст од над 10 години:

https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14546

7. Дидактика на јазично подрачје

Кога детето е подготвено да тргне на училиште? Дали описменувањето да почне со читање или со пишување? По кој редослед да се учат буквите? Како правилно да се употребуваат текстовите во букварот? Што има предност: гласот, зборот или реченицата? Кои методи за описменување се покажале како најефективни и најефикасни во теоријата и практиката? Ова се само дел од прашањата на кои ќе пронајдете одговори во оваа книга. Книгата „Дидактика на јазичното подрачје“ од професор д-р Јасмина Делчева-Диздаревиќ не е само учебник наменет за идните педагози и наставници туку и дело за секој што сака да ги открие основните принципи на наставата по мајчин јазик. Напишана на јасен и разбирлив јазик, книгата може да им биде од корист како на професионалците, така и на лаиците; на студентите, на воспитувачите, на наставниците, но и на родителите.

„Дидактика на јазичното подрачје“ ја следи Наставната програма по македонски јазик, пропишана од Бирото за развој на образованието и Министерството за образование и наука и согласно на тоа се движи според програмските подрачја: почетно читање и пишување, јазик, литература, изразување и творење и медиумска култура.

Книгата е достапна за онлајн-нарачка на следниот линк:

https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14459

8. Од компетентност до комплетност: водич за преживување на наставници

Новата книга во издание на „Арс Ламина“, „Од компетентност до комплетност: водич за преживување на наставници“ од Kиро Јорданов е наменета за сите идни, но и сегашни наставници. Оваа книга е синтеза на поучувањето и учењето, со голем акцент на учењето, што ја прави верен следбеник на насоките на активно учење како интенција на современата настава. Од тие причини, книгата „Од компетентност до комплетност: Водич за преживување на наставници“ е модел на современ наставен практикум, а хрестоматскиот пристап што е застапен во книгата со право дава можност за силна препорака на сите што сакаат да бидат активни и иновативни партиципиенти во современата настава.

Книгата е достапна за онлајн-нарачка на следниот линк:

https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14619

9. Математика 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9 – збирка задачи со тестови и активности

Содржините во збирките по математика од второ до деветто одделение се распределени во согласност со редоследот на наставните цели во програмата и упатството дадени од страна на Бирото за развој на образованието и во целост ја поткрепуваат програмата, давајќи им на децата можност да применуваат стратешко размислување и да се развиваат како самоуверени, иновативни и посветени ученици. Збирките претставуваат важна компонента во дидактичкиот комплет по математика, во кој се содржани учебникот, работната тетратка, прирачникот за наставници и други ресурсни материјали, а во насока на продлабочување и проширување на знаењата и вештините по математика за соодветните одделенија.

Збирките и другите изданија по предметот математика се достапни на следниот линк:

10. Работа со компјутер и основи на програмирањето за трето и петто одделение

Овие вежбанки се изработени во согласност со содржините во наставната програма по предметот Работа со компјутери и основи на програмирањето зa трето, односно петто одделение. Во вежбанката се понудени активности и задачи за полесно совладување на темите: Почетни чекори во користење компјутер, основи на користење компјутер и друга ИТ, компјутерска графика, работа со текст, онлајн-живеење, поим за алгоритми и програми, совладување на алгоритамско размислување преку игра и креирање едноставни програми во „Скреч Јуниор“ (Scratch Jr.), „Онлајн-живеење“ и друго.

Целта на вежбанката е преку различни забавно-едукативни активности и игри учениците да ги сознаваат работата на компјутерите и другите ИТ-уреди, работата со програмите за текст и мултимедијална презентација, да ги прошируваат знаењата и да развиваат вештини во креирањето алгоритми и едноставни компјутерски програми.

Визуелно-графичкиот концепт на вежбанката е креиран во функција на содржините за да можат учениците да ги следат и да ги реализираат активностите во секоја вежба.

Работа со компјутер и основи на програмирањето за трето одделение:

https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=13136

Работа со компјутер и основи на програмирањето за петто одделение:

https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=13419

11. Постери

Покрај веќе добро познатите и мошне барани постери по повеќе предмети: македонски, англиски и албански јазик, бројна оска 0-20, табела со броеви 1-100, ѕид од дропки, човечкото тело, органски системи кај човекот, бои, календар и друго, отсега училишните простории, но и собите на учениците можете да ги збогатите и со новите постери: Сончев систем, литература, промена на агрегатната состојба, домашни животни, таблица и броеви.

Постерите, како и другите дидактички материјали, кои се корисен додаток во наставата, можете да ги побарате онлајн на следниот линк: