Деца 3-6 години / Деца 7-11 години / Родителско катче

Списанија за деца – задолжителна литература за одмор

Карактеристичниот фолклор за на одмор секогаш е придружен со весници и списанија што ве информираат и ве забавуваат истовремено. И додека вие имате избор, не само со локални туку и со регионални изданија, децата својата потреба ја згаснуваа со некое инцидентно издание. За среќа, тука се „ЛИБИ“ и „Мини ЛИБИ“, па авантурата со нивните страници може да почне.

Навиката – списание за секој член во семејството, во земјава речиси да исчезна, не само поради експанзијата на интернетот туку и поради згаснувањето на многу изданија.

Но, едно големо НО, влева надеж. „ЛИБИ“ и „Мини ЛИБИ“, списанијата за ученици, во издание на „Арс Ламина – публикации“ од Скопје, кои од април годинава се на домашниот пазар.

Станува збор за модерно дизајнирани детски списанија што ги покриваат содржините предвидени со наставните програми за основно образование. Низ нив денешните деца имаат можност да ги прошират своите знаења, ставови и вештини согласно целите што се застапени во наставните програми за соодветниот развоен период. Рубриките во списанијата се осмислени така што им помагаат на учениците да мислат научно, да го откриваат знаењето, да истражуваат, но и да формираат лични ставови и мислења.

„ЛИБИ“ (1-3 одд.) и „Мини ЛИБИ“ (4-6 одд.) низ различните рубрики се посветени на науката, културата, опкружувањето, но сето тоа во корелација со предвидените наставни содржини, а истовремено и во чекор со современите општествени текови, најнови научни откритија и трендови што се привлечни за децата. Така конципираните списанија истовремено ги информираат, образуваат и забавуваат учениците.

Високоспецијализираниот и искусен кадар на „Арс Ламина – публикации“ со помош на широк стручен консултантски тим од наставниот процес создадоа изданија што на 36 богато илустрирани колоритни страници ја поттикнува детската љубопитност и ги создава читачките навики на еден суптилен начин.

Со „ЛИБИ“ и „Мини ЛИБИ“ децата стекнуваат верен пријател со кого месечно ќе се дружат и чијашто верност ќе си ја потврдуваат низ заедничкиот раст и развој.

На киосците низ целата држава, како и во книжарницата „Литература.мк“ на улицата „Македонија“, нетрпеливо ве чека тробројот на „ЛИБИ“ и „Мини ЛИБИ“ јуни-август, а издавачите се надеваат дека од септември ќе се најдат и во училиштата, па на дружбата „ќе ѝ нема крај“.