Деца 3-6 години / Деца 7-11 години / Родителско катче

Летна занимација со книги со активности

Летото е првенствено за одмор, а децата треба целосно да уживаат во него. Но, секако, ќе ви биде корисна дополнителна занимација, а доколку е и полезна за развивање на малите сиви мозочни келии, тогаш е секако добредојдена. Книгите со активности за децата од училишна и предучилишна возраст се полн погодок, особено затоа што се наменети и за забава и за учење преку игра, и доколку на детето му се предложат како такви (а не како задолжителна обврска), веројатно ќе посака да се занимава со нив во текот на топлите летни денови.

Учиме со Софија е серија книги со активности преку кои децата над 5 и 6 години, на забавен начин и со помош на различни илустрации, ќе научат многу нови нешта.

Со „АБВ – од ананас до шапка“ дечињата ќе научат да ги пишуваат и да ги препознаваат, во рамките на еден збор, буквите од азбуката.

Со „ABC – from apple to zebra“ малите палавковци ќе научат да ги пишуваат и да ги препознаваат буквите од англиската азбука и преку илустрациите ќе се запознаат со првите англиски зборови.

Со „My First English“ децата ќе ги научат првите англиски зборови со забавните илустрации поделени по различни теми: семејство, дом, училиште, животни, овошје и зеленчук, човечко тело, облека и обувки…

Истиот пристап се користи и во германската варијанта – „Meine Еrsten Deutschen Wörter“: учење на првите германски зборови со забавни илустрации поделени по темите: семејство, дом, училиште, животни, овошје и зеленчук, човечко тело, облека и обувки…

Книгите со активности „Пчеличката Маја“ се наменети за дечињата од голема група во градинка и прво одделение:

  • МАЈА Весела броенка (броиме, пишуваме, боиме и цртаме) – запознавање со броевите, пишување на, боење и цртање со броеви, креативни активности со броење, собирање и одземање.
  • МАЈА Весела пишуванка (ги учиме буквите и зборовите од светот на пчеличката Маја) – запознавање со буквите од азбуката, пишување на букви и учење на нови зборови од светот на пчеличката Маја.
  • МАЈА Весела вежбанка (учиме бои и форми) – запознавање со боите и формите, развој на моторички вештини, поттикнување на креативноста, учење математика на забавен начин.
  • МАЈА Книга со активности (боиме, цртаме, играме и решаваме) – од точка до точка, лавиринти, сложувалки, боење и цртање, пишување, забавна игри со коцка и игра меморија…

„Решавај со Дина и Додо“ е серија од смешни решаванки за малите палавковци од 4 години нагоре, што служат за развој на моторичките вештини, логичките капацитети и способности кај децата, јакнење на концентрацијата и поттикнување на детската љубопитност, фантазија и креативност.

Книжињата се џебен формат, па детето или родителот можат да ги носат секаде со себе.

Книги во серијата „Решавај со Дина и Додо“:

Серијалот „Матеј и Луна“ е идеален за дечињата од голема група во градинка и прво одделение, затоа што претставува комбинацијата на весели приказни за близначињата Матеј и Луна со различни загатки и активности со цртање, боење, почетно пишување, броење, сметање и уште многу забава!