Родителско катче

Назад на училиште

Повторното поаѓање на училиште е голем предизвик за детето, но и за родителите. Враќањето на старите навики по првото училишно ѕвоно во септември може да се претвори во хорор, ако не го дочекаме подготвени.

slika5

Во продолжение следуваат неколку предлог-чекори што ќе му олеснат на семејството за новата училишна година.

Брз и вкусен појадок

Доколку вашето дете не оди во целодневна настава, појадоците се кошмар. По будењето и метежот во тоалетот, извиците за помош при облекување се очекувани. И пред да експлодирате, поставете го појадокот, што е брзо и едноставно подготвен, бидејќи имате распоред на појадоци. Иако звучи „откачено“, распоредите се решение за стресот. И понеделник – мармалад и млеко, вторник – житарки со јогурт, среда – путер и сирење…

slika2

Станица за лансирање

На влезот од вашиот дом одредете место што можете да го именувате како „Станица за лансирање“ на кое ќе можат да се чуваат работите што се користат секојдневно. Закачете лист на кој ќе напишете што сè треба да поседува вашето дете пред да излезе од дома, на пример, ранец, торба за воншколски активности, ужина, клуч од дома… и пред да излезе од врата задолжително нека провери дали сè од наведеното денеска е со него.

slika1

Торба за воншколски активности

За сите воншколски активности, на пример часови по танцување, фудбал, музичко или гимнастика, инвестирајте во дополнителна торба. Откако ќе ги исперете алиштата на вашето дете, сместете ги во неа. Направете си распоред на неделата во кој ќе ги забележите кои работи му се потребни на вашето дете за воншколските активности. Водени по распоредот откако ќе вечера вашето дете, потсетете го дали е подготвен за следниот ден.

slika3

Катче за учење

Работната маса и столот не се секогаш доволно инспиративни. Украсете го делот за учење на вашето дете со практични додатоци што ќе му го олеснат адаптирањето, па ќе може да си дозволи и да му „одлетаат мислите“ со некоја активност на работната маса. Во непосредна близина сместите ги сите неопходни работи, на пример боички, моливи, ножички, лепило, острилка, гуми… и направете попис за да имате увид што патува до училиште и назад, а не е вратено дома и доколку е потребно, набрзо да го надополните со ново. Така, и вие и вашето дете си го олеснувате процесот на стекнување одговорност кон нештата што ги поседува.