Ресурси

Дводневна онлајн-конференција во организација на Cambridge University Press & Assessment

Почитувани, 

Во пресрет на почетокот на новата учебна година, ве покануваме да ја проследните дводневната онлајн-конференција во организација на Cambridge University Press & Assessment.  

Настанот со назив Back to School with Cambridge ќе се одржи на 30 и 31 август, а учество ќе земат познати автори и едукатори (Herbert Puchta, Olha Madylus, Matthew Ellman etc.). 

Целта на овој богат настан е да им се овозможи на наставниците бесплатна обука со практични активности за часовите по англиски јазик, a фокусот ќе биде насочен кон искористувањето на различни алатки во училницата како и вовед во најновите трендови во наставата и демонстрација како може да се користат материјалите од најновата генерација учебници и помагала.

Линк за регистрација

Програма