Деца 3-6 години / Родителско катче

Петте тајни на здравите деца

Совети за родителите со деца во претшколска и школска возраст

Секое поаѓање во градинка или училиште Ви претставува ноќна мора затоа што знаете дека вирусите и бактериите кај и да е ќе нападнат? Се прашувате како децата на некои Ваши познаници практично никогаш не се разболуваат? Дали тие родители знаат нешто што вие не знаете?

Најверојатно не, велат експертите, но доколку ги научите Вашите малечки да ги следат овие едноставни правила на хигиена и здрав живот, ќе успеете да се спасите од здодевните вируси во сезоната која претстои.

 

  1. Редовно миење на рацете!

Редовното миење на рацете може значително да го намали пренесувањето на респираторните и стомачните заболувања. Научете го детето дека треба да мие раце откако ќе се врати од училиште, пред секое јадење и по секое одење во тоалет. Уште еден фактор е детето правилно да ги мие рацете, односно да ги трие 15-20 секунди. На почетокот можете заедно да пеете некоја песничка која ќе трае 20 секунди, за да не му биде здодевно. Ако детето оди некаде кај што нема да биде во можност да ги мие рацете, спакувајте му антибактериски гел за раце и научете го да го користи.

 

  1. Физичка активност – секој ден!

Истражувањата покажуваат дека редовното умерено бавење со физичка активност го намалува ризикот од настинки и грип дури и до 50%. Одберете физичка активност која ќе одговара на афинитетите на вашето дете и помогнете му да создаде навика за редовност и исполнителност. Вежбањето е поефикасно од било кој синтетички лек или средство за зајакнување на имунитетот!

 

 

  1. o-KIDS-AND-SLEEP-facebookНаспаното дете е здраво дете!

Погрижете се детето да легнува на време и да спие доволно! За децата од предшколска и рана школска возраст е најдобро да не легнуваат подоцна од 9 часот, бидејќи им се потребни минимум 10 часа сон. Не попуштајте на молбите да се поигра уште малку или да го догледа цртаниот филм, бидејќи така скратувате од скапоценото време за сон.

 

 

  1. ss_101458457Без допирање на лицето!

Настинките и вирусите влегуваат во телото преку носот, устата и очите. Иако можеби на моменти тешко или невозможно, со малку трпение ќе му објасните на детето како да стекне навика да не се допира по лицето и да не ги става рацете во устата. Исто така, научете го детето никогаш да не пие од иста чаша или сламка со другите деца.

 

 

 

 

  1. Многу здрава и свежа храна!

Оброците со многу разнобојни овошки и зеленчуци многу го зајакнуваат имуниот систем. Храната која е богата со витамин Ц, како брокулата, јагодите и портокалите, и со витамин Д (риба, јогурт), се вистински погодок. Избегнувајте нездрава (брза) храна, храна со вештачки (рафинирани) шеќери, солени грицки, пржена храна…

 

 

Следете ги овие пет мали правила и ќе забележите позитивни промени за многу кратко време :).

Напишете коментар