Деца 7-11 години / Родителско катче / Тинејџери 12-14 / Тинејџери 15+

Петнаесет идеи за матурска прослава ― од забавиште до средно училиште

Без разлика дали се работи за забавиште или за средно училиште, земањето диплома е важна работа што треба да се прослави на возбудлив начин. Фрлете ја капата пред почесниот гостин со овие 15 сериозно симпатични идеи за матурска прослава.

Мафини со капа

 

Ниту една матурска прослава не е комплетна без тематски десерт. Овие симпатични мафини со академска капа на врвот не се само соодветни за пригодата туку со сигурност ќе им се допаднат на сите.

 

 

 

 

Развеселете ги балоните

Зошто да врзувате балони на столовите кога на балоните можете да обесите прекрасни фотографии од матурската? Ако правите прослава за помало дете, закачете негови фотографии од минатите години на долниот дел од врвцата за да ги натежнете балоните. За постарите матуранти, потрудете се да бидете креативни со „суперлативи“ од сите нивни другари. Не само што секој ќе се воодушеви кога ќе си го види името туку тоа ќе биде и одлична тема за почеток на разговор.

 

Симпатични академски закуски

 

Претворете ги чашите од пудинг купени од продавница во забавни (и неалергенски) академски закуски што ќе ги обожаваат децата и возрасните гости.

 

 

 

Направете кутија за честитки во облик на академска капа

 

 

Оваа симпатична кутија за честитки во облик на академска капа е одлична за чување честитки, а на следниот линк: (http://nancyscraftspot.blogspot.mk/2012/04/graduation-card-box.html) можете да видите колку е лесно да се направи.

 

 

 

Направете украсен знак од хартиени марамчиња

Не морате да бидете особено вешти за да ги направите овие впечатливи бројки од хартиени марамчиња од блогот Sugar Bee Crafts. Сѐ што ви е потребно се: хартиени марамчиња, лепило, картон од пенеста маса, ножици – и малку трпение – и ете ви симпатичен и евтин централен украс, што ќе изгледа одлично на фотографиите.

 

 

Изложете ги спомените на матурантот

 

Без разлика дали се работи за фотографија со класот, забавна песна што ја напишал или награда што ја добил, изложете ги спомените на почесниот славеник за да ги видат сите. Не само што ќе бидат симпатичен украс туку и убаво патување низ времето.

 

 

 

 

Послужете академски капи од путер од кикиритки

Колку се атрактивни овие академски капи од путер од кикиритки? Идеални за подарок за гостите или, едноставно, како украс на прославата, овие вкусни (креативни) закуски сигурно ќе им бидат омилени на децата од сите возрасти. Дефинитивно вреди да ги додадете на листата со идеи за матурска прослава.

 

Направете тегла за спомени

 

Овие тегли за спомени бараат минимален труд и мошне малку пари. Без разлика дали детето завршило забавиште, основно или средно училиште, на гостите ќе им биде мило да запишат некој посебен спомен и да го стават во теглата како предмет за сеќавање. (И, секако, секој матурант ќе ги чита со задоволство.)

 

 

 

 

Послужете слатки во облик на диплома

Ниту еден десерт на масата од матурската прослава не е комплетен без овие досетливи слатки во облик на диплома. Едноставно, врзете машничка околу чоколадни ролери и ете ви дипломи за јадење!

 

Искажете поддршка

Без разлика кое училиште го завршило детето, тоа е голем чекор! Расфрлете неколку инспиративни цитати за продолжувањето напред на масите низ просторијата. Вреди да се украде идејата како да напишете убав цитат на табла од блогот Your Home Based Mom.

Социјализирајте се

 

 

Ако гостите имаат „Инстаграм“, замолете ги да користат посебен хаштаг кога ќе објавуваат фотографии од прославата. Потоа можете внимателно да ги разгледате сите фотографии што ги направиле гостите на крајот од денот, што е идеално за некој што е презафатен со дочекување за да може да фотографира.

 

 

Давајте спакувани гуми за џвакање со академска капа

Овие креативни пакувања од гуми за џвакање со академска капа се идеален подарок за гостите на матурска прослава. Наполнете кантичка со нив и оставете ја покрај вратата за да си земат гостите на излегување.

Не заборавајте ја кабината за фотографирање!

Денес, ниту една прослава не е комплетна без кабина за фотографии за објавување на социјалните мрежи. На блогот Robb Restyle (https://robbrestyle.com/diy-grad-party-ideas/) има споделено симпатична идеја како да искористите стара врата со испишана година на матурирање како заднина за фотографии. И, секако, не заборавајте ја кофата со реквизити!

Направете венец од фотографии

 

 

Со овој прекрасен венец од фотографии на одличен начин ќе ги истакнете фотографиите на матурантот, а се прави премногу лесно.

 

 

 

 

Ставете капа

 

Мафините и колачињата од путер од кикиритки не се единствените нешта што заслужуваат капа. Послужете пијалаци со овие симпатични сламки со академска капа што ќе ги изработите сами. Кој би одолеал на студена лимонада кога изгледа вака?

Advertisements