Јазици / Англиски

Програма по англиски јазик

Програмата за англиски јазик од Арс Ламина нуди разновидни изданија, пред сè од издавачката куќа Cambridge University Press, но исто така и сопствени изданија за изучување на англискиот јазик.

Од понудата на Cambridge University Press (CUP) како нешто посебно се издвојуваат изданијата наменети за подготовка на испитите на Кембриџ, кои според многу елементи се разликуваат од останатите на пазарот.

Овие материјали за подготовка на испитите се, пред сè, создадени во корелација со специјализираниот оддел за испити на Кембриџ (Cambridge English Language Assessment); авторите на изданијата се меѓународно признаени  експерти за испити; во нив е интегриран и т.н. Cambridge Learner Corpus (CEC), јазичен корпус што содржи 50 милиони зборови добиени со анализа на одговори на слушатели кои полагале некој од Кембриџ испитите низ целиот свет.

Исто така, вокабуларот во изданијата на CUP за подготовка на испитите е прецизно насочен кон секое ниво од Заедничката европска референтна рамка за јазици при што се употребени сегменти од програмата English Profile како главен ресурс за подготовка на материјалите.


PET Direct ги подготвува слушателите за Cambridge ESOL PET examination. Учебникот содржи 12 лекции што може да се користи за кратки интензивни курсеви или како дополнителен маеријал за стандарден курс по англиски јазик. Придружниот ЦД Ром вклучува практичен тест, водич по чекори за испитот и аудио материјал за тестот вклучен во работната тетратка. Работната тетратка со одговори нуди дванаесет лекции со дополнителни јазични вежби и еден тест.

Повеќе…

 


Секоја лекција во учебникот  покрива еден дел од секој PET тест и овозможува темелна подготовка. Граматичките вежби и вежбите за вокабулар се насочени кон најпроблематичните моменти за кандидатите кои го полагаат испитот PET, а добиени со анализата на Cambridge Learner Corpus (CEC), преземено од автентични тестови на кандидатите. Придружниот ЦД Ром овозможува дополнителни вежби по урнек на PET тестот.

Работната тетратка со Аудио ЦД содржи дополнителен вокабулар, граматика, практични вежби за совладување на сите јазични вештини вклучително и слушање. Делот со вокабуларот содржи дванаесет страници вежби и преглед на вокабуларот од учебникот. Се работи за најавтеничниот материјал за подготовка на PET со оглед на тоа што содржи и past exam paper од Cambridge ESOL.

Повеќе…


Ова издание е комплетно надградено и ревидирано издание на бестселинг насловот Objective PET Course. Во него се вклучени неколку нови соджини, вклучувајќи го и новиот Corpus Spot што ги алармира учениците за тоа кои се најчестите грешки што ги прават кандидатите кои полагаат PET. Работната тетратка содржи дополнителни јазични вежби и вокабулар од учебникот.

Повеќе…

 


Овој наслов нуди официјални подготовки за ревидираниот Cambridge English: Proficiency испит во 2013 година, попознат како Certificate of Proficiency in English (CPE).

Бројните теми обезбедуваат темелен тренинг за стекнување одлични јазични вештини за испитот и високо ниво на јазичен развој. Секоја тема содржи лекции со по три двојни страници кои овозможуваат флексибилност и прогрес. Интерактивниот софтвер нуди екстра граматички вежби и активности поврзани со вокабуларот и испитните вештини. Сите вежби и примери се однесуваат на граматичките области кои се проблематични/предизвик за слушателите кои полагаат Proficiency. Материјалот што се содржи во овие изданија е погоден за слушатели со високо ниво на познавање на јазик, а кои имаат желба уште повеќе да го подобрат ова знаење.

Изданието Objective Proficiency Student’s Book Pack (Student’s Book with Answers with Downloadable Software and Class Audio CDs (2) се нуди како пакет што содржи учебник со одговори, софтвер и аудио ЦД за работа на час)

Повеќе…


Изданието содржи 6 целосни тестови за вежбање и лесно разбирлив водич и совети што го гарантираат успехот при полагање на испитот. Содржи дополнителни активности според Cambridge Learner Corpus (CEC), насочени кон оние делови за кои на кандидатите кои полагаат најмногу им треба помош.

Повеќе…

 

 

 

 


Оваа мала книга со голема вредност ги истакнува вистинските грешки што ги прават учениците во текот на испитот и дава насоки како истите да се избегнат. Базирана на илјадници реално полагани тестови, секоја лекција таргетира некој клучен проблем. Регуларните тестови им нудат на учениците понатамошна можност за проверка и консолидирање на сè што имаат научено.

  • Ги истакнува вистинските грешки на учениците при полагање.
  • Базирано на анализа на реални тестови кои биле полагани.
  • Куси и концизни објаснувања што се фокусирани на клучните проблематични области.
  • Вклучува вежби по урнек на задачите од испитот.

Повеќе…


Ова издание е збир автентични тестови за испитот KET for schools на Cambridge ESOL. Кандидатите кои треба да полагаат, со оваа книга добиваат материјал што ги доловува содржината и форматот на испитот и нуди можност за увежбување на корисни испитни техники. Ова изадание може да се користи како книга за самостојно учење  и содржи учебник со одговори и аудио ЦД. Во учебникот се содржани јасни објаснувања, автентични одговори и транскрипти за подготовка на тестот за говорење. Аудио ЦД-то содржи снимен материјал за тестот за слушање.

Повеќе…

 

 


Ова издание нуди автентични материјали за подготовка на ревидираниот испит FCE од 2015 година. Во учебникот детално се покриени сите аспекти на испитот со што им се овозможува на учениците да се запознаат со секој негов сегмент од испитот. Придружниот ЦД-Ром му помага на секој посебно да се фокусира на онаа област којашто смета да му е потешка за совладување и секој може да работи според сопственото темпо. Во книгата се нудат информации и совети за самиот испит за кандидатите кои ќе полагаат имаат вистински пристап кон испитот.

Повеќе…

 


Ова издание обезбедува темелна подготовка за ревидираниот испит CAE (Cambridge English: Advanced) за 2015 година. Учебникот го подготвува слушателот да се справи со секој сегмент од испитниот тест. Содржи автентични вежби за граматиката и вокабуларот со цел да им помогне на кандидатите кои полагаат да ги избегнат вообичаените грешки.

Интерактивниот ЦД-Ром овозможува сеопфатни дополнителни јазични вежби во врска со темите покриени опфатени во учебникот кои се погодни за слушателите да работат според сопствено темпо.

Повеќе…

 


English Phrasal Verbs in Use содржи 70 двострани лекции со речиси 1000 фразални глаголи. Изданието претставува сеопфатна референтна книга наменета за слушатели на ниво B1 и нагоре. Една илјада фразални глаголи коишто најчесто се употребуваат во оваа книга се јасно објаснети и дадени во типичен контекст. Материјалот е создаден за самостојно учење, но може да се користи и во училница, а има содржи и дел со одговори.

Изданието English Phrasal verbs in Use Advanced е создадено за слушатели на повисоките степени кои сакаат уште повеќе да го усовршат знаењето. Во книгата се содржани многу фразални глаголи кои се корисни за кандидатите кои се подготвуваат за испитите Cambridge CAE, CPE и IELTS.

Повеќе…


Во секое од овие изданија се содржани по 1000 најчесто употребувани идиоми дадени во типични контексти. Книгите нудат поглед идиомите, најинтересниот сегмент во вокабуларот на еден јазик, нешто што е  многу привлечно за слушателите кои сакаат да го научат англискиот јазик на начин како што го зборуваат нативните говорници. Содржи многу табели, куси текстови и коментари на левата страна од страницата, а мноштво вежби на десната. Книгите се погодни за самостојно учење, како и за настава во училница. Содржат предупредувања за грешки и совети  за полесно совладување на материјалот. Има вклучено индекс и одговори.

Повеќе…

 


Во овие две изданија се покриени најчесто  употребуваните колокации во јазикот (вообичаени зборовни комбинации) што помага при восприемање на јазикот на природен начин. Внесени се стотици колокации дадени во типичен контекст за да им помогне на слушателите да го усовршат својот писмен и говорен англиски јазик. Содржи совети за создавање стратегија за учењето и за тоа како да се избегнат најчестите грешки. Вклучува над 1500 зборовни комбинаици во типични контексти претставени со табели, куси текстови и коментари.

Повеќе…

 


Business Vocabulary in Use Intermediate Second edition е издание наменето за студенти и стручни лица кои имаат желба да го прошират нивниот деловен вокабулар. Донесувајќи им го на слушателите современиот деловен вокабулар по англиски јазик, дава објаснување на зборовите и изразите, а нуди и вежби како  да се користат изразите во пракса. Ова издание е јазично комплеметарно со развојот на најновата технологија, глобалните релации и финансиска практика, а покрива и повеќе аспекти од финасии до деловно однесување. Помага за развој на вештини во клучни области како што се: подготовка на презенатции, состаноци и преговарања.

Повеќе…

 


Academic Vocabulary in Use е совршен избор за секој што го користи англискиот за академска намена. Идеална книга за студенти во било која дисциплина, од инженери и професионално ангажирани лица во доменот на општетсвени науки до студенти на отсек за бизнис или право, го покрива клучниот вокабулар со којшто се среќаваат во академски учебници, текстови од предавања и семинари, со што им се овозможува да имаат самодоверба при говорење во академска средина каде официјално се зборува на англиски јазик.  Книгата е создадена за студенти на B1 ниво и над тоа, како и за оние кои се подготвуваат за IELTS и други испити неопходни за упис на некој факултет.

 

 


Без оглед дали самостојно го изучувате англискиот јазик или пак на групна настава во училница, овие две изданија ги покриваат сите зборови и фрази што се потребни за дадените нивоа на изучување на јазикот за да можат слушателите да го разберат јазикот, но истовремено и да бидат разбрани.

Во изданието за B2 ниво е внесена листа на зборови од програмата на English Profile за да се обезбеди целосна покриеност на сите клучни зборови и фрази кои се соодветни за ова ниво. Исто така, внесени се и најчестите грешки добиени од Cambridge English Corpus (CEC) .

Придружниот ЦД-Ром обезбедува стотици екстра вежби и активности, како и вграден речник и интерактивни игри.

Повеќе…


English Pronunciation in Use се изданија, за неколку ниво на изучување на англискиот јазик (elementary, intermediate, advanced) кои се погодни за самостојно учење, како и за работа на час. Има содржини кои ги покриваат сите аспекти на изговорот, вклучувајќи ги индивидуалните гласови, акценти, поврзаноста на говорот и интонацијата, а како дополнителен материјал содржи и глосар на специјализирани термини, помош за изговор на броеви и географски имиња, забавни вежби за фонемски симболи и минимални парови.

Повеќе…

 


Cambridge IELTS 10 содржи четири автентични веќе поминати тестови од Cambridge English Language Assessment. Учебникот со одговори му овозможува на слушателот да се запознае со IELTS и да работи на совладување на испитните техники со помош на тие автентични тестови. Освен тестовите, книгата содржи екстра модули за читање и пишување, а во книгата е вклучен и вовед за модулите. Има и сеопфатен дел со одговори што го прави материјалот погоден за самостојна работа на слушателите. Аудио ЦД-то содржи материјал за слушање.

Повеќе…

 

 


Учебникот THINK 2 (Б1 ниво) од реномираните автори Херберт Пухта, Џеф Странкс и Питер Луис Џонс е ново, современо издание коешто има за цел да ги инспирира учениците да размислуваат и вон рамките на јазикот.

Темите и содржините во Think се актуелни и пулсирачки, а освен тоа што учебникот помага при усовршување на јазичните вештини кај учениците, исто така нуди и холистички пристап кон учењето, односно, развој на когнитивните вештини, поттик за размислување за човековите вредности и изградба на самодовербата. Темите се така избрани да им се допаднат на тинејџерите, да ја поттикнат нивната фантазија и да овозможат ефективно учење.

Тhink 2 е во издание на Cambridge University Press, но е објавено како адаптирано издание за наставата по англиски јазик во Р.Македонија, со додаток на материјали кои одговараат на наставната програма. Со решение бр. 22-771/1 од 28.04.2016 издадено од Педагошката служба на РM, овој учебник е воведен во наставата по англиски јазик  во наставата по англиски јазик за II година на средното четиригодишно образование.


 

Учебникот Think 3 (B1+) на CAMBRIDGE UNIVERSITY PRESS од авторите Herbert Puchta, Jeff Stranks, Peter Lewis-Jones e одобрен за употреба во наставата по англиски јазик (прв странски јазик) за трета година на средното четиригодишно образование (гимназиско образование, стручно образование, уметничко образование, спортска академија) со Решение на Педагошката служба бр.22-475/1 од 04.05.2017 година.

 

 

 


Поддршка и ресурси за THiNK


ПРЕЗЕМЕТЕ КАТАЛОГ

Контакт: sales@arslamina.com


 

Advertisements