Јазици / Македонски

Македонски јазик со култура на изразувањето

Двата практикуми по македонски јазик со култура на изразувањето (со вежби од правописот и праговорот, како и со вежби од морфологијата и синтаксата), напишани од професорките Билјана Маленко и Елизабета Бандиловска, првенствено им е наменет на студентите по педагогија кои го слушаат предметот Македонски јазик со култура на изразувањето, на групите Одделенска настава и Предучилишно воспитание, на македонски, албански и турски наставен јазик, како и на студентите кои го слушаат предметот Македонски јазик на групата Библиотекарство.

   

Секако, прирачниците можат да им послужат како корисно јазично помагало и на наставниците и учениците од основните и од средните училишта, како и на сите оние што сакаат да ги проверат своите знаења од областа на правописот, праговорот, морфологијата и синтаксата.

Овие изданија произлегуваат од повеќегодишната наставна практика спроведувана на горенаведените студиски програми, но и од потребата на студентите да им се приближат основните знаења од теориски и од практичен аспект од областа на јазикот. Оттука, основната цел е да придонесат кон полесно и поуспешно совладување на понудениот јазичен материјал и оспособување на студентите за негова практична примена, не само во нивната работа како идни учители, туку и во секојдневната јазична комуникација.