Во нашето портфолио се вклучени повеќе книги со активности креирани според наставните програми за македонски јазик во основното деветгодишно образование.
Книги со активности за прво одделение
За прво одделение – книга со активности за почетно пишување Учиме со Софија: Подготовка за пишување. Со оваа книга, првачињата ќе можат да вежбаат да пишуваат прави, коси и криви линии, да впишуваат форми, да цртаат полесни и посложени цртежи… Освен развивањето на графомоторичките вештини, оваа книга со активности ќе им помогне на децата и во градењето на самодовербата при пишување, какои за развивање на креативноста.
Книги со активности за второ одделение
За второ одделение, во портфолиото на Ар5с Ламина се вклучени следниве книги за учење на азбуката, препознавање на буквите и обид за читање на првите зборови:
Учиме со Софија: АБВ – од ананас до шапка, со која учениците ќе го совладаат пишувањето на големите и малите букви од азбуката, ќе научат да ги препознаваат буквите во рамките на еден збор, како и да почнат да ги читаат првите зборови – сето тоа потпомогнато со забавни илустрации.
Весела пишуванка: ги учиме буквите и зборовите од светот на пчеличката Маја е уште една книга со која децата ќе научат да ги пишуваат големите и малите букви од азбуката, да ги препознаваат, а и ќе научат нови поими од светот на природата и природните науки, од светот на најпознатата и омилена пчеличка Маја. Во истиот серијал, ја нудиме и Пчеличката Маја: Веселата броенка, која на децата ќе им помогне правилно да научат да ги пишуваат броевите од 1 до 20.
Повеќе изданија од оваа област побарајте во каталогот за литература за деца и каталогот на едукативни изданија.