Природни науки

Програма по хемија

Серијалот Хемија за основно образование на Арс Ламина – публикации целосно ја покрива адаптираната наставна програма по хемија за учениците во Република Македонија.

Серијалот Хемија за основно образование на Арс Ламина – публикации претставува дел од една сеопфатна, лесна за користење програма, што вклучува добро илустрирани учебници, корисни работни тетратки, како и дополнителни ресурси за наставниците.

• Учебниците се одлично илустрирани, забавни и лесни за користење, полни со активности, игри и дискусии со цел учениците да бидат целосно ангажирани на сите нивоа.

• Програмата вклучува стимулативни и активни начини за стекнување на научно-истражувачките вештини, овозможувајќи активен пристап при изучувањето на хемијата.

• Експериментите и активностите ги охрабруваат учениците да го истражуваат светот на науката на практичен начин.

• Работните тетратки им помагаат на учениците со активностите на часот, а воедно ги охрабруваат на независна работа и надвор од училиштето. Тие изобилуват со прашања, задачи  наставни листови.

• Заедно со учебникот, како составна компонента на еден дидактички комплет, работната тетратка претставува современо дидактичко помагало што им ја нуди сета потребна поддршка и на учениците и на наставниците.

Изданијата од овој дел од програмата опфаќаат:

Хемија 8, учебник

Хемија 8, работна тетратка

Хемија 9, учебник

Хемија 9, работна тетратка