Напишано од експертите и усогласено со потребите на учениците во основното образование
Ова е мотото под кое се издава оваа серија учебници во согласност со најновите наставни програми кои се применуваат во светотНејзината цел е да им овозможи на наставниците да им помогнат на сите ученици да станат самоуверени и успешни математичари преку забава и интерактивен ангажман.
„Учебниците и работните тетратки по математика на Нелсон Торнс, преведени и адаптирани од издавачот Арс ЛАМИНА, ја доближуваат математиката до учениците уште од нивната најрана училишна возраст, на еден интересен, прецизен и современ начин“
д-р Ирена Стојковска, доцент на Институтот за математика, Природно-математички факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје
Учебниците ги следат методите, активностите и дидактичките насоки за реализација на наставните програми, во спирален систем.
Во учебниците се нуди постепено и систематизирано разработување на поимите, од поедноставно кон посложено, и кон проширување на знаењата. Тие содржат објаснувања на непознати или помалку познати поими (Речник на крајот од секој учебник), и се посветува особено внимание на постојаното збогатување на речникот на ученикот.
Преку содржините се поттикнува позитивниот однос кон науката, како и кон мултикултурноста, родовата еднаквост, граѓанскиот и националниот идентитет на припадниците на сите културни заедници во земјата, што дополнително говори за високиот квалитет на овие учебници.
Математика за 1 одделение | Работна тетратка прв дел, втор дел, трет дел
Математика за 2 одделение | Работна тетратка прв дел, втор дел, трет дел
Математика за 3 одделение | Учебник и Работна тетратка
Математика за 4 одделение | Учебник и Работна тетратка
Математика за 5 одделение | Учебник и Работна тетратка
Математика за 6 одделение | Учебник и Работна тетратка
Математика за 7 одделение | Учебник и Работна тетратка
Математика за 8 одделение | Учебник и Работна тетратка
Математика за 9 одделение | Учебник и Работна тетратка
Како поддршка на оваа компонента од програмата, достапни се и: подготвителна програма по математика (прирачник и работна тетратка за предучилишна возраст), прирачници за наставниците, дидактички материјали, како и дополнителни бесплатни онлајн ресурси, за сите нивоа. Во родителското катче понудени се и идеи за вежбање математика надвор од училиштето, како и помош и сугестии за надминување на евентуални бариери во совладувањето на програмата.