Прирачниците по математика претставуваат богати и темелни водичи и обезбедуваат незаменлива поддршка на секој наставник, за изведување на наставата по математика според Кембриџ
Прирачници за наставници по математика за прво, второ и трето одделение, според програмата на Меѓународниот центар за испити на Кембриџ (Cambridge International Examination)
Прирачниците за наставници по математика претставуваат важна поддршка на програмата по математика за основно образование и темелен и богат водич за наставниците, со цел да ги надополнат и да ги дообјаснат составните делови на програмата по математика, според програмата на Меѓународниот центар за испити на Кембриџ (Cambridge International Examination). Прирачниците содржат листи на потребни ресурси, предлог-активности за умствено загревање, мноштво идеи за реализирање на наставните цели, сугестии за практични активности и поврзување со активностите во учебниците и работните тетратки.
Овие надополнувања се претставени преку следниве поглавја, за секоја тематска единица посебно:
- Развивање концепти и вештини
- Речник
- Потребни ресурси
- Активности за умствено загревање
- Идеи за реализирање на наставата
- Практични активности
- Користење на материјалите за учениците (учебници и работни тетратки)
- Неформални прашања за проверка на знаењето
- Вообичаени грешки и заблуди
Прирачник за наставници по математика за 1 одделение
Прирачник за наставници по математика за 2 одделение
Прирачник за наставници по математика за 3 одделение
Прирачник за наставници по математика за 4 одделение
Пингување: Учебници и работни тетратки по математика |