Математички флеш-картички, картички со стрелки, комплети работни листови, постери, како и дополнителни ресурси – цела палета на дидактички ресурсни материјали за опремување на математичкото катче во секоја училница.
Комплетите математички флеш-картички претставуваат збир на дидактички ресурсни материјали за пониските одделенија во основното деветгодишно образование, како и за предучилишна возраст, а според програмата по математика на Меѓународниот центар за испити на Кембриџ (Cambridge International Examinations). Дополнети со упатства со конкретни идеи за нивна употреба, комплетите ги обезбедуваат потребните дидактички ресурси за практична реализација на наставата во училницата, како и за вежбање математика дома, со помош на родителите.
Покрај комплетите флеш-картички, достапни се и комплети од работни листови со упатства и идеи за наставниците (како и за родителите, за работа дома), постери и паноа, како и други ресурси за опремување на математичката училница.
Картичките и работните листови материјали се реупотребливи – на нив може и да се пишува со обичен фломастер, а се брише со обично хартиено марамче, ткаенина или сунѓер.
Збирките задачи за 4, 5 и 6 одделение содржат и тестови, како и активности и игри.
Пингување: Учебници и работни тетратки по математика |