Природни науки

Учебници и работни тетратки по природни науки

Природни науки за I, II и III одделение (учебници и работни тетратки) се адаптирани од учебниците и работните тетратки на Heinemann Explore Science во издание на Pearson Еducation, кои се во целост прифатени и одобрени од Меѓународниот центар за наставни програми на Кембриџ (Cambridge International Examinations). Во нив се развиени содржини согласно општите и конкретните цели на адаптираната наставна програма по природни науки за деветгодишно основно образование, донесена од Министерството за наука на Република Македонија, и се содржани сите теми и поими предвидени со истата.

Наставната програма содржи збир на развојни наставни цели од областа на природните науки, застапена во четири содржински области: научно истражување, биологија, хемија и физика. Научното истражување опфаќа разгледување на идеи, процена на докази, планирање на истражувачка работа и евидентирање и анализа на податоци. Научното истражување ги зајакнува биологијата, хемијата и физиката, кои, пак, се фокусирани на развивање самодоверба и интерес за стекнување научно знаење. Тука, исто така, се вклучени и областите како градење на свеста за околината и делумно историја на природните науки. Рамката на наставни програми за природни науки за основно образовасние дава и солидна основа над која може да се надградува идното образование.

Адаптацијата на целата програма, вклучително и нејзините компоненти, е направена со помош на внимателно составен тим од надворешни стручни соработници за јазична и за стручна редакција. Секој од нив е професионалец во сопствената област и максимално се посвети за највисок можен квалитет на содржините, кои се целосно прилагодени од страна на домашни стручни лица, од областа на хемијата, биологијата, физиката, биохемијата, педагогијата, земјоделството, итн, како и од одделенски наставници кои се и директно вклучени во наставните процеси.

Оваа единствена комбинација на наука и извори ги стимулира учениците и едновремено овозможува наставниците да ги збогатат часовите по наука, поедноставувајќи му ја подготовката за часовите и работата со учениците. Едноставната структура на Природни науки за основно образование дава флексибилност за предавање на поглавјата и темите во едно одделение според редослед кој му одговара на наставникот, што е една од клучните специфики на програмата на Меѓународниот центар за наставни програми на Кембриџ.

За секој период од учебната година се предвидени посебни теми, додека за последната половина од последното тромесечје е предвидено за оценување и за повторување. Секоја тема содржи околу девет или десет лекции. Првата лекција во секоја тема претставува вовед, додека последната е заклучок. Останатите лекции се концентрираат на знаењето и разбирањето, на снаодливоста, како и наиспробаните и тестираните активности за истражување. Колку е поголема можноста за истражување, толку се попрактични лекциите.

Учебниците ги следат методите, активностите и дидактичките насоки за реализација на наставните програми, во спирален систем. Во учебниците се нуди постепено и систематизирано разработување на поимите, од поедноставно кон посложено, и кон проширување на знаењата. Тие содржат објаснувања на непознати или помалку познати поими (Речник на крајот од секој учебник), и се посветува особено внимание на постојаното збогатување на речникот на ученикот.

Особен фокус е даден на развивањето на темелите за научно-истражувачки активности, преку експерименти, собирање докази, изведување на заклучоци од резултатите, како и артикулација на истите. Содржините се придржуваат кон современите достигнувања на соодветните научни области. Тие ги стимулираат учениците за примена на знаењата и го поттикнуваат истражувачкиот дух, а богатите илустрации и визуелни прилози го олеснуваат тој процес, преку прегледно и јасно прикажување на податоците, појавите и поимите.

science rabotni

Преку содржините се поттикнува позитивниот однос кон науката, како и кон мултикултурноста, родовата еднаквост, граѓанскиот и националниот идентитет на припадниците на сите културни заедници во земјата, што дополнително говори за високиот квалитет на овие учебници.

Содржините ги стимулираат учениците за примена на знаењата и го поттикнувата истражувачкиот дух, а визуелните прилози се богати и соодветни на возраста на учениците за предметот Природни науки и прегледно и јасно ги прикажуваат податоците, појавите и поимите.

Доц. дВалентина Славевска Стаменковиќ

Би сакал да укажам и на високиот квалитет на адаптираните содржини кои се целосно прилагодени од стана на домашни стручни лица, не само од областа на хемијата, туку и од областа на биологија, физика, биохемија, педагогија, земјоделство, итн, како и од одделенски наставници кои се и директно е вклучени во наставните процеси.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s