Деца 0-3 години / Родителско катче

5 забавни сензорни активности за најмалите палавковци

Ако сте во потрага по активности со кои ќе се забавува Вашето малечко, или пак Ве интересираат активности кои би биле интересни за група мали палавковци, ова е вистинското место за Вас.

Во прилог се пет сензорни активности кои воедно ја подобруваат и моториката на дечињата. Пробајте ги и уживајте во забавата!

 

1aМал Пикасо

Измачкајте ги рачињата со боја и „шлапајте“ – нема потреба од понатамошно објаснување :).

 1b

Направете свое тесто за моделирање во различни бои

Многу е лесно! Сè што Ви треба е брашно, вода, прашок за печиво, сол, малку масло, прехрамбени бои… и за само 10 минути имате сопствено, трајно и нетоксично тесто за моделирање!

 1c

Шарени макарони

Направете раствор со прехрамбени бои и медицински алкохол, и претворете ги обичните макарони во цело виножито! Многу малите дечиња можат да ги бојат и да си играат како сакаат, а за малку поглемките – закачете ги на конец или јаженце и направете шарени ѓердани!

1d

Каква е твојата градина?

Оваа прекрасна шарена градина ќе го окупира Вашето малечко со часови и часови! Обојте ориз со различни прехрамбени бои и креирајте мини градина, за надвор и за внатре.

1e

Кини и лепи!

За да ги ангажирате децата да направат нешто сами, некогаш Ви е доволно да имате  лист хартија, прачиња хартии во боја, и лепак. И резултатот е супер колаж 🙂

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s