Деца 3-6 години / Родителско катче

Како да создадете работни навики кај детето

Совети за родителите на првачињата

Поаѓањето во прво одделение е голема промена за детето, но и стрес за родителите. Во светот во кој сè е премногу брзо и стресно, родителите се соочуваат со голем предизвик: како најдобро да му се помогне на детето да се соочи со новите задачи и да порасне во среќна, паметна и успешна личност.

naviki-kaj-decataРаботните навики на детето не зависат само од наставниците за време на часовите и во дневниот престој, туку во најголем дел зависат од вниманието, трпението и упорноста на родителот да го научи детето како да биде вредно и доследно во обврските, да ги завршува задачите и да тежнее да биде сè подобро и подобро.

Во прилог се неколку значајни совети за родителите на првачињата, кои иако едноставни, може да  бидат подзаборавени во новонастанатата ситуација.

 

  1. Определете посебен простор во станот или куќата каде детето секојдневно ќе ги работи домашните задачи и ќе учи. Дури и ако детето веќе ги завршило обврските во дневниот престој, дома ќе може со Вас да сподели што работеле тој ден во училиште и така уште еднаш да ја повтори материјата.
  2. Детето ќе ги зацврсне работните навики доколку му помогнете правејќи план на учење. Доколку направите план на учење и на дополнителните активности во текот на денот, и го контролирате детето да се држи по планот, многу ќе му олесните, а воедно и ќе направите побрзо да стекне работни навики. Редовното учење е многу важно!
  3. Никако не ги пишувајте домашните работи на детето! Во училиште оди детето, не Вие! Погрешно е да се седне покрај детето и заедно со него да се пишува домашното. Никако не потклекнувајте на изговорите од типот „не знам како“, „не умеам“ и „уморен/на сум“. Задачата на родителот е да создаде работни навики кај детето и да му биде поддршка, да провери дали е напишано или нацртано домашното и дали е спремна училишната торба за утрешниот ден, не и да пишува домашно.
  4. Доколку детето е нетрпеливо, несконцентрирано и немирно, му треба поттик, мотивација и поддршка. Треба да му давате совети и забелешки околу тоа што го нацртало или напишало. Некогаш е корисно да најдете некој цртеж кој го нацртало кога било помало, да го споредите со сегашниот, да му посочите колку напреднало и дека со упорност и вежбање може да постигне подобри резултати.
  5. Пофалбите се многу важни за детето! Како што навиваме на фудбаски натпревари или му даваме поддршка на детето на концерт, на ист начин треба да го цениме и училишното знаење и учењето. Секоја петка или добро завршена задача заслужува аплауз 🙂
  6. Внимавајте со критиките! Родителите не смеат да ја критикуваат личноста на детето, туку неговото однесување и тоа само во случаи кога ќе згреши и нема да постигне добри резултати. Значи, на детето не смее да му се каже „ништо не знаеш“ или „не те бива“, туку: „Ова не си го направил/а добро. Можеш ти и подобро од ова. Овде имаш грешка, поправи ја. Обиди се уште еднаш“ итн.
  7. Родителите треба да се фокусираат на учењето на првачето и да не го преоптеретуваат со дополнителни активности. За почеток е доволна само една активност: или спорт или одење во училиште за странски јазик. Подоцна, кога ќе се навикне на училишните обврски, може да се воведе и втора дополнителна активност.
  8. Слушајте го внимателно детето што Ви зборува и што раскажува за училиштето. Така ќе видите како размислува, кои му се проблемите и стравовите, што му е предизвик, и воопшто, така ќе следите дали правилно се развива.
  9. Одвојте време кое квалитетно ќе го минувате со детето. Обидете се да му овозможите што е можно повеќе време за стекнување нови искуства и запознавање на светот околу него: излети на нови места, посета на музеи, театар, кино, запознавање со нова книга или книга за активности која не е дел од училишните материјали…
  10. Обидете се да се сетите како Ви беше Вам во прво одделение! 🙂

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s