Го одбележуваме Светскиот ден на наставниците со водичот „Од компетентност до комплетност“ од Киро Јорданов
На 5 октомври, во интернационални рамки се прославува Светскиот ден на наставниците, познат и како Меѓународен ден на наставниците. Да се биде наставник, воспитувач, учител, професор е најблагородната и најубавата професија, но истовремено и најодговорната задача што подразбира голема посветеност. Наставниците се едни од најважните членови на општеството, тие се водечка светлина за учениците и …